Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

НАТО отвора база во Албанија

НАТО отвора база во Албанија

Северноатланската Алијанса соопшти дека отвора своја база во Албанија која не и припаѓа на земјата домаќин, туку на НАТО, што се означува како новина во досегашната пракса, кога станува збор за вакви воени објекти.

Станува збор за базата Кучова, во близината на градот Берат, на југот од Албанија, која сега станува дел од инфраструктурата  за потребите на Алијансата во реонот на Западен Балкан и тоа за подршка на операциите на просторот меѓу источниот Медитеран и Црноморскиот регион.

За базата која, всушност, е преуредениот стар воен аеродром од времето на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, НАТО има потрошено 46 милиони евра, додека албанската страна има учествувано со пет милиони , потоа со просторот на кој базата е сместена и со стариот аеродром што долго време не се  употребуваше.

Кучова за покривање на Западен Балкан

Според плановите на Алијансата, оваа база ќе се користи за прифаќање на борбените авиони  од Италија и Грција  кои патролираат во овој реон, задолжени за заштита на албанскиот воздушен простор, во  рамките на интегрираниот систем на противвоздушна и антиракетна одбрана на НАТО и неговите земји-членки.

Италијанската и грчката авијација, исто така, се вклучени и во покривањето на просторот на Црна Гора и на Северна Македонија, кои како и Албанија се задолжени  да имаат бази на кои би слетувале сојузничките борбени авиони.

На воените вежби на НАТО во 2021 и во 2023 година, извршена е проверка на оспособеноста за брзо разместување на американската војска од континенталниот дел на САД на просторот на Медитеранот и во таа активност, важно место и е дадено на Албанија. Посебно на пристаништето Драч, каде Американците се истоварија, користејќи притоа и еден близок полигон за обука.

За сите вакви вежби, од овој месец и во иднина, ќе се користи воената база Кучова, која ќе служи за прифаќање на американската војска , како и за сите нивни активности на Балканот.

Прво советска, па база на Кина

Базата, инаку, почнала да се гради уште во далечната 1952 година, за подршка на тогашниот СССР и како дел од  советката помош во изградбата на новата, народна армија на тогашна Албанија.

Меѓу другото базата требало да биде и  дел од советскиот систем за политички и воен притисок врз Југославија од тоа време, против нејзината политика за извлекување на земјата од советскиот комунистички блок. За тие потреби, Москва на владата на Хоџа во Тирана и има испратено советски воени авиони и е изграден  аеродромот Кучова, каде албанските пилоти  се обучуваале.

Но, по смрта на Сталин (1953 година) и по  почетокот на десталинизацијата на СССР, во што е вклучено и подобрувањето на односите со Југославија, базата почнува да го губи значењето за кое првично е замислена и  изградена.

„Гробишта“ за стари  авиони

Во почетокот на шеесетите години, разочараното албанско раководство, раскинува со Москва и се свртува кон Кина на Мао Цетунг. Во Кучова, тогаш, Кинезите испраќаат свои борбени авиони и покренуваат центар за нивно ремонтирање и одржување.

По смрта на Енвер Хоџа,  падот на комунизмот и по хаотичната состојба во земјата, во текот на 1997 година, во услови на вистинско безвластие, многу цивили имаат навлезено во необезбедуваната база, уништувајќи делови од авионите кои се затекнале и крадејќи се што им изгледало интересно и корисно.

По ставањето ред во земјата, базата била претворена во складиште ( гробишта) за стари и неупотребливи кинески воени авиони- што повремено се претопувале како старо железо.

Во 21 век кога Албанија се свртува кон НАТО и засилено почнува  да се ангажира за  влез во ЕУ, почнати се работи за обнова и за ревитализација на Кучова. Изграден е нова контролна кула, поправена е старата и изградена е уште една нова писта за слетување и полетување.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе